СОУ ''Кочо Рацин'' Свети Николе
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
СОУ ''Кочо Рацин'' Свети Николе

Размена на мислења меѓу учениците
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 Филозофски шеги

Go down 
АвторПорака
N@tu6k@




Број на мислења : 2
Join date : 2008-06-23

Филозофски шеги Empty
ПишувањеПредмет: Филозофски шеги   Филозофски шеги Icon_minitimeПон Јун 23, 2008 4:06 pm

ПРВИОТ ЗАКОН НА ФИЛОЗОФИЈАТА: За секој филозоф, постои уште еден кој е целосна спротивност на првиот.

ВТОРИОТ ЗАКОН НА ФИЛОЗОФИЈАТА: И двајцата не се во право.

***

Деканот, кон одделот за физика. “Зошто секогаш морам да трошам толку пари на вас, за лаборатории, за скапа опрема и за сите тие глупости! Зошто не бидете како одделот за математика – се’ што им треба се пари за моливи, хартија и корпа за отпадната хартија. Или уште подобро, како одделот за филозофија. Се’ што им треба нив се моливи и хартија”.

***

Не ГЛЕДАЈ ништо во лабораторијата за физика;
Не ВКУСУВАЈ ништо во лабораторијата за хемија;
Не МИРИСАЈ ништо во лабораторијата за биологија;
Не ДОПИРАЈ ништо во лабораторијата за медицина;
И најважно од се’
Не СЛУШАЈ ништо во одделот за филозофија.

***

Филозоф заминува во WC на десет години за да размислува на прашањето “Што е животот?” Кога веќе излегол, на улицата среќава свој стар колега. Колегата го прашува:
- Па каде си ти сиве овие десет години?
- Во WC. Размислував што е животот за цело тоа време.
- И дали најде одговор?
- Да, најдов. Мислам дека најдобро би се изразил кога би кажал дека животот е како мост.
- Тоа навистина звучи добро, но дали можеш да бидеш малку поспецифичен?
- “Па,” – одговара филозофот после некое време воздивнувајќи, “можеби си во право, можеби животот навистина и не е како мост”.
- Raymod Smullyan, "5000 B.C."

***

Поентата на филозофијата е да почнеш со нешто толку едноставно што воопшто не вреди да биде спомнато, а да завршиш со нешто толку парадоксално во кој никој нема да верува.
- Бертранд Расел

***

Монизмот е теорија која впрочем кажува дека било што помалку од се’ е ништо!

***

Филозофија: Насока од многу патишта која води од нигде до ништо!

***

Која е разликата помеѓу филозоф и инженер?
Па околу 50 000 години.

***

- Слушна за оној кој отишол на солипсистичка конвенција?
- Никој не се појавил.

***

Професор по филозофија влегува во амфитеатар и го поставува последниот испит пред својата група. Го зема својот стол и го поставува на масата. “Ваша задача е да докажете дека овој стол не постои!”
Студентите почнале да пишуваат, да бришат, да се повикуваат на веќе изученото. Само еден од студентите, на големо изненадување на останатите, станал после 30 секунди и го оставил своето размислување на масата.
Дошол денот кога сите студенти ги добиле своите оценки. Оној со највисока оценка бил студентот со 30 секундниот одговор.
Одговорот бил: “Кој стол?”


***

Големата вистина е вистина чиј што опозит е еднакво голема вистина.

***

- Го положив испитот по етика. Лажев, се разбира.

***

Инженер, нучник, математичар и филозоф се качуваат на планина и забележуваат црна овца. Инжинерот вели “веројатно во овој крај сите овци се црни”. Научникот гледајќи скептично, вели “па барем некои од нив се црни”. Математичрот го нашол својот момент и вели “Барем една од нив е црна”, а филозофот се врти накај нив и вели “барем едната нејзина страна”.

***

Колку филозофи се потребни за да сменат светилка?
“Хмм... Тоа е навистина интересно прашање, нели?”
“Дефинирај светилка...”
“Како можеш да бидеш сигурен дека треба да биде сменета?”
Тројца. Еден да ја смени, а двајца да расправаат од страна дали светилката воопшто постои.

Колку егзистенцијалисти се потребни за да сменат светилка?
Двајца. Едниот да ја смени, а другиот да набљудува како светилката претставува светла размисла на субјективноста во пеколот на Космичката Ништост.

Колку Хегелисти се потребни за да сменат светилка?
Двајца се разбира. Едниот стои на едниот крај од собата и кажува дека не е темно, а другиот стои на другиот крај од собата и кажува дека апсолутната светлина е невозможна. Оваа дијалектика создава синтеза која ја завршува работата.

Колку Зен мајстори се потребни за да сменат светилка?
Двајца. Еден да ја смени, друг да не ја смени.
Тројца. Еден да ја смени, друг да не ја смени и трет – да ја смени и да не ја смени.

Колку Марксисти се потребни за да сменат светилка?
Ниеден. Секоја светилка во себе го содржи семето на сопствената револуција.

***

Филозофи расправаат во своето филозофско друштво кога одненадеж се појавува ангел пред нив кој се согласува да им одговори на едно прашање. Филозофите почнале да расправаат кое би било најдоброто прашање кое ќе биде поставено па ангелот гледајќи ја нивната ситуација се согласил да ги остави да размислат и да дојди следниот ден и да го чуе нивното прашање.

Некои од филозофите фаворизирале конјуктивни прашања, но тоа било отфрлено со страв дека ангелот нема да го земе тоа прашање како едно. Еден филозоф сакал да прашаат “кое е најдоброто прашање кое може да се постави”, па да чекаат на следна прилика и некој друг ангел да одговори на тоа прашање. Но и ова било премногу ризично.

Конечно се согласиле на следното прашање: “Кој е организираниот пар чиј прв член е најдоброто прашање кое ќе биде поставено, а вториот член е одговорот на тоа прашање?” Задоволни од својата одлука, кога дошол ангелот му го поставиле прашањето на кое тој одговорил: “Тоа е организираниот пар чиј прв член е прашањето кое вие го поставивте, а втор член е одговорот кој јас сега го давам”. - ангелот завршил и исчезнал.

***

Бог е мртов. – Ниче
Ниче е мртов. – Бог
Вратете се на почетокот Go down
 
Филозофски шеги
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
СОУ ''Кочо Рацин'' Свети Николе :: Занимливости :: Бисери од ученици-
Отиди до: