СОУ ''Кочо Рацин'' Свети Николе
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
СОУ ''Кочо Рацин'' Свети Николе

Размена на мислења меѓу учениците
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 Однесување на маса ( за време на ручек , посета и прием на гости )

Go down 
АвторПорака
Бон Тон-
Гостин




Однесување на маса ( за време на ручек , посета и прием на гости ) Empty
ПишувањеПредмет: Однесување на маса ( за време на ручек , посета и прием на гости )   Однесување на маса ( за време на ручек , посета и прием на гости ) Icon_minitimeПон Фед 23, 2009 1:41 am

Во куќата секој член од семејството си има свое место за време на јадење каде седи.Ако сте на гости кај роднини или пријатели,тогаш домаќинката ќе ги повика сите да седнат на масата,и најчесто ќе го одреди нивното место за седење.За некои свечени прилики домаќините ќе ги пречекаат сите гости и ќе ги престават на оние кои што пристигнале порано.Понатаму гостите се повикуваат да седнат на своите места на веќе поставената маса.Да се избегнат недоразбирања кој каде да седи ,најдобро е предтоа да се направи распоред на местата за седење.Домаќинката,обично пред да седне на масата им ги покажува на гостите нивните места,или пак на картичка се напишани имињата на гостите и се ставени пред чашата обележувајќи на тој начин кој гостин каде седи.Домакинката прва седнува на стол.Домакините седнуваат на спротивите столови едни спрема други.Од десната страна домакинката седат најважните гости ,а од левата страна другите по исти редослед.Од десната страна на домакинот ке седне најважната жена а од левата другите.Останатите гости ке бидат сместени по редослед маж - жена.После завршувањето на јадењето домакинката прва станува .Единствено во кругот на семејството може да се направи исклучок од овие правила особено кога домакинката се грижи за мало дете.Но и овде таа го дава знакот кога да почне и да се заврши јадењето.Ако некој заврши порано со јадењето не смее да станува од масата додека не добие дозвола од домакинката.За време на јадењето бидете релаксирани но внимавајте на рацете да ви бидат на масата само со шаките и подлактиците.Внимавајте да не им сметате на оние кои седат до вас со непотребни движења.Салфетата се држи полу отворена на колената и се користи само за површно бришење на устата и врвовите на прстите.Невкусно е салфетата да се заврзе околу вратот или со еден крај да се стави во појасот,кошулата,блузата или фустанот.Кога го зимате јадењето користете соодветен прибор.Ни дома не го земајте јадењето со својот прибор.Кога ве служи келнерка во ресторант или домакинката ако сте на гости а не сте сигурни дека успешно ке го пренесете јадењето во чинијата замолете ги тие да ви го стават јадењето.
Вратете се на почетокот Go down
 
Однесување на маса ( за време на ручек , посета и прием на гости )
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
СОУ ''Кочо Рацин'' Свети Николе :: Занимливости :: Бон-тон на учениците-
Отиди до: