СОУ ''Кочо Рацин'' Свети Николе
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
СОУ ''Кочо Рацин'' Свети Николе

Размена на мислења меѓу учениците
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 Бонтон за на одмор

Go down 
АвторПорака
Kristijan Milanov
Admin



Број на мислења : 7
Join date : 2008-02-08
Age : 31

Бонтон за на одмор Empty
ПишувањеПредмет: Бонтон за на одмор   Бонтон за на одмор Icon_minitimeСре Јун 02, 2010 6:34 am

Бидејки почнува сезоната на одмори, еве како треба и како не треба да се однесувате на одмор:

Ако некоја храна особено ви се допаѓа тогаш шлапкајте и мљацкајте што погласно - барем ако се наоѓате во Азија. Така домаќинот ќе знае дека оброкот ви се допаѓа. Отмената воздржаност за време на јадењето таму не е пожелна.

Општо правило е дека во секоја земја послугата се радува на бакшишот. Бидете уште првиот ден великодушни спрема собарката и сигрно ќе ве затрупа со чисти крпи и постелнина. Нема да погрешите ако на износот на сметката додадете уште 15 до 20%. Во Јужна Европа напојницата не се дава во рака на келнерот, туку се остава на маса. Постои еден исклучок: во Азија давањето бакшиш се смета за навреда.

Оној кој не сака да привлекува многу внимание, мора да се погрижи да има соодветна облека: долги пантолони, кошула и здолниште на преклоп треба да се најдат во секој куфер. Тоа е особено важно ако патувате во муслимански земји како Египет, Мароко, Тунис и Турција.

Во Италија цврстиот стисок со раката е задолжителен. Не е доволно некому само да му мавнете, туку мора барем десет пати да му ја претресете раката. Ако после пладне нарачате капучино, веднаш ќе биде јасно дека сте турист, бидејќи Италијанците го пијат овој вид на пијалок само претпладне. Во тек на денот се пие исклучиво еспресо.

Во Тунис е забрането бакнување и на улица не се пожелни нежни допири. Многу е важно жените да не ги гледаат во очи на мажите бидејќи тоа тие можат да го сфатат како повик за флерт. Ако сакате нешто да фотографирате, секогаш однапред прашајте за дозвола бидејќи е неучтиво да се сликаат жените во традиционална облека и верниците што се молат. Туристите треба да знааат дека трговците на пазарите во цената на својата стока имаат пресметано 100% вишок за да можат да се ценкаат. Кога продавачот ќе изгуби интерес за понатамошно ценкање, значи дека цената сте ја спуштиле на вистинската вредност. Тогаш треба да го купите саканиот предмет или да се откажите од купување бидејќи понатамошното ценкање би претставувало навреда за продавачот.

Во Тајланд, Индија, Индонезија и на Малдивите не смеете никого да погалите по главата, а посебно не децата, бидејќи тука се наоѓа душа која не треба да се допира. Од друга страна, нозете се презрени бидејќи се сметаат за нечисти. Кога седите, внимавајте табаните да не бидат видливи.

Во Франција јадењето е свето и затоа немојте да седнете на првата слободна маса, туку почекајте келнерот да ви избере најдобро место. Обично за таа услуга се очекува мал бакшиш.

Во Холандија немојте да градите кули од песок на плажа. Холаѓаните сметаат дека подигнување тврдина е типично за германскиот менталитет за освојување територии. Во Турција левата рака е презрена, затоа никому не му ја подавајте. Турците сметаат дека таа е нечиста и затоа јадењето треба да го земате исклучиво само со десна рака. Понудениот чај претставува знак за гостопримство и посекако испијте го за да не го навредите домаќинот.

Се надевам дека овие можеби и малку чудни совети ќе ви помогнат за да не се најдете во непријатна ситуаија на одмор...убаво да си поминете каде и да одите Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
https://ucenici.macedonianforum.net
 
Бонтон за на одмор
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
СОУ ''Кочо Рацин'' Свети Николе :: Занимливости :: Бон-тон на учениците-
Отиди до: