СОУ ''Кочо Рацин'' Свети Николе
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
СОУ ''Кочо Рацин'' Свети Николе

Размена на мислења меѓу учениците
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 Вонземјанин паднал во Србија

Go down 
АвторПорака
NIKI_HACK

NIKI_HACK


Број на мислења : 59
Join date : 2008-02-26
Местолокација : C:\windows\system32

Вонземјанин паднал во Србија Empty
ПишувањеПредмет: Вонземјанин паднал во Србија   Вонземјанин паднал во Србија Icon_minitimeПон Мај 26, 2008 3:35 am

(ова не е измилено,жива вистина е)

Три возрасни жители од село Меѓурово, кај Ниш, пред српските медиуми излегоа со тврдење дека минатата недела во нива со пченка виделе вонземјанин.

Славица Милојковиќ која прва го видела вонземјанинот во нивата до нејзината куќа, тврди дека немала да им верува на очите доколку истото суштество не го виделе и соседите, пренесува весникот Курур.

-Рано утрината, малку по шест часот, бев во градината да ги налеам пиперките. Влегов во нивата и видов човеколико суштество кое на коленици се клатеше кон сонцето. Ме вџаши сликата дека во ист ритам со суштеството се клатеше и еден страк од пченката, вели Милојковиќ и признава дека и по една недела од настанот се уште не може да се поврати од шокот.

Таа за српскиот весник објаси дека суштеството ги имало сите карактеристики на човек, освен што сјаело со невидена светлина.

-Беше облечено во нешто што е најблиску до хартија за пакување подароци со златножолта боја. Полека му пријдов и го прашав што прави во мојата нива. Не ми одговори, ниту се слушна каков било друг звук. Дури и го прашав да не е глув што не ми одговара. Кога сфатив дека тука има нешто нејасно, отрчав кај еден сосед со молба да ми помогне да го избркаме чудното суштество, но соседот ме одби, раскажува Милојковиќ.
Преплашената жена побарала помош и од другите соседи Томислав и Вукосава Живковиќ, кои дошле до нивата да проверат за што станува збор.

- Исплашени да не бидеме нападнати од непознатиот Томислав зема вила, а јас мотика. Меѓутоа, на половина пат видовме како суштествто почна да се смалува додека не достигна до големина и форма што е најблиску до птица, која блескаше во мноштво од бои. „Тоа“ потоа се вивна во воздух и пред нашите очи повторно се трансформира во човек што „јаваше“ на нешто налик на моторцикл и потоа исчезна во небото, раскажа Милојковиќ.

Приказната ја потврди и соседот Томислав кој на новинарите им обајсни дека видел нешто што и денеска не знае што претставува.

-Горниот дел на телото му беше со златножолта боја, додека на појасот имаше нешто црно, што личеше на престилка. Суштеството клечеше, па се исправи, а кога тоа го направи третиот пат, одлета кон небото, изјави Томислав.

И неговата сопруга признава дека странецот ја преплашил и дека се уште не може да се собере од необичниот настан.


Локалните жители меѓутоа различно реагираат на доживувањето на соседите, но сите се согласуваат во оценката дека станува збор за сериозни луѓе кои не би измислиле таква приказа.

Никој од нив, сепак, нема објаснување зошто вонземјаните одлучиле да им се јават на Србите токму во селото Меѓурово, со оглед на фактот дека ова село во поморавието е познато по производство на пиперки, а не веруваат дека е тоа добра причина вонземјаните да покажат интерес за нив.
__________________
Вратете се на почетокот Go down
http://mkcyberwarriors.darkbb.com
 
Вонземјанин паднал во Србија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
СОУ ''Кочо Рацин'' Свети Николе :: Занимливости :: Занимливости-
Отиди до: